По најавената блокада на приватните превозници ЈСП ги префрли автобусите во Транспортен центар

news
Advertisement

Хаосот со јавниот превоз во Скопје почна пред еден месец, кога вработените на ЈСП „Скопје“излегоа на протест поради неисплатени плати, а главниот град за прв пат во историјата цел ден остана без јавен градски превоз. По ЈСП, со работа престана приватниот превозник „Макекспрес“ поради неисплатен дол од ЈСП, а од понеделникот, оваа неделава од иститите причини престанаа да сообраќаат и автобустите на другиот приватен превозник „Слобода превоз“
Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) „Скопје“ од синоќа ги префрли своите автобуси чии линии тргнуваат од централата од Автокоманда во Транспортниот центар под Железничката станица, откако приватните превозници за денеска најавија блокада и ќе ги паркираат своите возила пред централата на ЈСП, јави Телма.

Advertisement

Хаосот со јавниот превоз во Скопје почна пред еден месец, кога вработените на ЈСП „Скопје“излегоа на протест поради неисплатени плати, а главниот град за прв пат во историјата цел ден остана без јавен градски превоз.

По ЈСП, со работа престана приватниот превозник „Макекспрес“ поради неисплатен дол од ЈСП, а од понедленикот, оваа неделава од иститите причини престанаа да сообраќаат и автобустите на другиот приватен превозник „Слобода превоз“.

Вчера градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска на прес-конференција излезе со тврдења дека здруженијата на двата приватни јавни градски превозници „Макекспрес“ и „Слобода превоз“ во изминатите пет години, односно од 2017 до денес, немаат пријавено ниту еден продаден билет во автобусите кои возат за двете здруженија, а истовремено од Јавното сообраќајно претпријатие ги наплаќале фактурите за извозените километри за сума од едно евро по километар.

Арсовска на прес-конференцијата соопшти дека Градот Скопје изготвил нов јавен повик на кој секој од индивидуалните приватните превозници што ќе ги исполни условите ќе му биде овозможено да добие линија на која ќе врши превоз на патници во главниот град.

По Арсовска, вчера со прес-конференција излезе и директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски, кој ги демантираше обвинувањата на градоначалничката на Скопје.

„Најодговорно тврдам дека `Слобода превоз` од воведувањето на системот, а и никогаш претходно, не била таа која што продавала билети за превоз. За билетите, од набавка, продажба и колетирање на парите исклучиво е надлежно Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП). Ниту еден приватен превозник не продава билети во своите автобуси на каков било начин“, рече Јовановски.

Осврнувајќи се на изјавата на Арсовска за тоа дека ќе има нови огласи за аплицирање за превозниците повторно да се вклучат во сообраќајот, рече дека тоа е возможно и оти немаат ништо против тоа.

Автобусите кои возат за здружението „Слобода превоз“ од понеделникот, оваа недела прекинаа да сообраќаат на линиите 9, 12, 22, 23 и 45, поради неисплатен долг од Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ и Градот Скопје.

Разговорите меѓу директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски со генералниот секретар на Град Скопје, Зоран Глигоров за надминување на состојбата завршија без договор, што уште повеќе го зголеми антагонизмот меѓу приватниот превозник и Градот Скопје, односно градоначалничката Арсовска.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.