По смртта на 25-годишниот Беровчанец, ДСЗИ најави инспекциски надзори во сите здравствени установи каде што тој побарал помош

news
Advertisement

Како што најави ДСЗИ, ќе се извршат вонредни инспекциски надзори во сите здравствени установи каде што 25-годишниот Беровчанец побарал лекарска помош пред да почине од сепса во штипската болница. Ќе се врши надзор кај матичен лекар, матичен стоматолог, итна медицинска помош Берово и ЈЗУ ТОАРИЛУЦ-ОЕ за анестезија, реанимација и интензивно лекување – Скопје
Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) информира дека вонредниот инспекциски надзор во штипската болница кој беше инициран поради смртта на 25-годишниот Беровчанец е сè уште во тек.

Advertisement

Дополнително на тоа, оттаму информираат дека ќе се извршат и вонредни инспекциски надзори во сите здравствени установи каде што тој побарал лекарска помош.

„Дополнително ќе се извршат и вонредни инспекциски надзори во сите здравствени установи каде пациентот побарал лекарска помош и тоа: матичен лекар, матичен стоматолог, итна медицинска помош Берово и ЈЗУ ТОАРИЛУЦ-ОЕ за анестезија, реанимација и интензивно лекување – Скопје при што ќе биде обезбедена медицинската документација поврзана со лекувањето на пациентот“,

се вели во соопштението.
По завршувањето на инспекцискиот надзор од ДСЗИ велат дека ќе биде изготвена комплетна информација за констатирана фактичка состојба, a ќе се иницира и формирање на комисија за стручен надзор до министерот за здравство.

Министерството за здравство вчера информира дека Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) започнал вонреден инспекциски надзор во штипската болница, по сознанијата оти 25-годишен Беровчанец починал од сепса по извршена хируршка интервенција на заб. Директорот на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ), Александар Трајановски вчера информира дека пациентот од Берово на 23 август бил префлен од Клиничката болница во Штип во многу тешка состојба и на респиратор, со знаци за тешка системска инфекција.

И покрај напорите на медицинскиот тим на КАРИЛ и дадената соодветна медицинска нега, пациентот за жал починал за помалку од 24 часа.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.