ПРЕМИЕРОТ КОВАЧЕВСКИ СЕ КРИЕ ЗАД ИМУНИТЕТОТ! Ковачки вели дека премиерот се плаши да се соочи со него на суд

news
Advertisement

Лажеше и клеветеше, а сега дезертираш и се криеш зад имунитет, знаеш дека ќе бидеш осуден, откажи се од имунитетот, не бегај и излези пред суд – му порача пратеникот Ковачки на премиерот Ковачевски. Премиерот Димитар Ковачевски не се појавил на рочиште по тужба од претеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки, туку испратил одговор до судот во кој се повикува на својот имунитет, тврди пратеникот Ковачки.

Advertisement

Пратеникот Ковачки поднел тужба против Ковачевски, затоа што тој, како што вели, лажно го обвинил дека кодошел, крадел документи од АРМ и издавал информации на странски структури. „И сега, наместо да излезе пред Суд и да ги брани своите тврдења, Ковачевски исто како во 2001 кога избега и се криеше позади неговиот татко (градоначалник) со лажни дијагнози, така и овојпат избега од Судот и се сокри позади имунитет. Граѓани на Македонија, имаме премиер кој искажува најгнасни лаги и тешки обвинувања, за кои, откако ќе го повикате да истите ги повтори и потврди со докази, тој бега и се крие позади имунитет. Ковачевски со овој одговор на тужба во кој се повикува на имунитет, признава дека лажел кога ме обвинувал и негативно квалификувал“ – вели Ковачки во својата писмена изјава,

Како пратеник избран од народот, Ковачки му порачува на Ковачевски да се откаже од имунитетот и да се појави пред Судот.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.