Приведен крадец, пронајдено одземеното

news
Advertisement

На 17.06.2023 во 18.15 часот на граничен премин „Јажинце“ од полициски службеници е лишен од слобода А.А.(30) од Р.Србија затоа што, според пријавеното, околу 07.30 часот во угостителски објект во Тетово му одзел пари, накит и лични предмети на С.С.(39) од Р.Турција со кого се познавале од претходно и избегал од местото на настанот. Кај лицето се пронајдени предмети за кои постои основано сомнение дека се предмет на кривично дело. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.