Сопругот на починатата 36 годишна, таткото на 4 годишната (исто почината) од Слатино Тетовско, од Болницата во Тетово е приведен од страна на тетовската полиција, јавуваат медиумите од Тетово.
Се уштe не се знае како починаа 36 годишната мајка и нејзината 4 годишна ќерка во Тетовско Слатино. Се знае дека и нејзиниот малолетн син како и сопругот се хоспитализирани. Неофициално од жителите на ова село topm1.net дезнава дека проток на плин е причината, меѓутоа сеуште оваа информација не е потврдена од официјалните институции.
Од Секторот за внатрешни работи Тетово, соопштуваат дека денеска околу 14 часот во Слатина Тетово без знаци на живот во семејниот дом биле пронајдени К.Ш.(36) и нејзината малолетна ќерка, јавува ТВ21.
„Денеска (08.10) околу 14:00 часот на СПБ Тетово Т.Ј. од Теарца во својство на лекар пријавил дека бил повикан на интервенција во село Слатин од М.З. од Слатина е Тетово, кој без знаци на живот ги пронашол нејзината ќерка К.Ш (36) и нејзината мала внука во нивниот семеен дом, каде што била констатирана смрт. Веднаш по пријавата е преземено дејство и обезбедено е местото каде екипа од СПБ Тетово во соработка со јавен обвинител извршила увид и по наредба на обвинителот безживотните тела на починатата се предадени на обдукција, додека нејзиниот сопруг Р.Ш. (50) заедно со неговиот малолетен син, ќе биде пренесен за лекарска помош во тетовската клиничка болница, а потоа лицето Р.Ш. ќе биде сопрено во Полициска станица за понатамошни дејствија“, велат од СПБ-Тетово.