Ова видео за кратко време стана вирално…
Една корисничка на социјалната мрежа ТикТок, под име Јована Порчиќ на својот профил објави две емотивни видеа од 95-годишна баба.
Во првото видео можеме да видиме како жената тренира на Баново Брдо во теретана на отворено. На прашањето на девојката колку пати доаѓа да вежба, слатката бабичка ѝ одговорила:
„Доаѓам два пати по час и половина“.
Ова видео ги воодушеви луѓето не само во Србја, туку низ целиот регион. Видеото имаше повеќе од 41.000 прегледи за само 18 часа.
А, второто видео кое оваа девојка го сподели е толку емотивно, што ги растопи и најтврдите срца.
@porcicjovana When something is real, it lasts forever 🖇🔒❤️🔥 #fypシ #fyp #viral #viralvideo #balkantiktok #balkan #serbia #srbija #belgarde #beograd #storiesfromastranger #storiesfromstrangers #streetstories #love #healing #psychology #psihologija #lovestory #ljubav #zauvek
Прашањето гласи: „Дали се сеќавате на својата прва љубов?“, на што бабата одговори: „Да, Душан Јаворин. Се запознавме и се венчавме за три дена. Останав со него цел живот, почина пред 5 години“.
Под видеото се нижат само позитивни коментари, полни со љубов и поддршка на адреса на бабичката.
фото: Принтскрин / Инстаграм