Протест пред српското Собрание против европскиот предлог за Косово

news
Advertisement

Неколку стотици српски граѓани кои се против европскиот предлог за прашањето за Косово и Метохија, денеска се собрале пред српското Собрание во Белград, каде во тек е специјалната пленарна седница за Косово, на која учествува и српскиот претседател Александар Вучиќ.

Advertisement

Собирот е пред влезот на Собранието на Србија, а насобраните држат српски знамиња и транспаренти „Вучиќ предавник“, „Војска, полиција, престанете со предавството, бранете го устав, застанете со народот“.

Полицијата првично го забрани протестот, а лидерот на движењето „Љубов, вера, надеж, Немања Шаровиќ“ кој најави дека наместо протест ќе се организира прес-конференција, оцени дека во Собранието наводно се расправа и одлучува за европскиот предлог, но дека сето тоа било „фарса“.

„Ова е циркус и ова е дел од планот на (српскиот претседател) Александар Вучиќ да се прикаже себеси како херој кој се бори за српскиот народ, а истовремено да продолжи со својата предавничка политика“, вели тој.

Шаровиќ праша зошто се зборува за влез на Косово во ОН, ако во првиот член од тој предлог стои дека Србија „го признава територијалниот интегритет и суверенитет на Косово“.

„Може да се преговара само за едно, а тоа е автономија на Косово и Метохија, во рамките на Србија… Нема да дозволиме да се протурка тезата дека Србија не се прашува ништо, дека Косово секако ќе влезе во Советот на Европа и НАТО“, рече Шаровиќ и најави дека ќе продолжат да организираат протести.

Основачот на Движењето „Buna naroda“ (ПОБУНА), Срѓан Шкоро, оцени дека Србија ќе ја следат „многу лоши работи“ доколку го прифати европскиот или некој сличен предлог и додаде дека е време луѓето да се спротивстават.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.