Редок вид на ајкули забележан во Јадранското Море

news
Advertisement

Институтот за морска биологија на Универзитетот во Црна Гора забележал дека во Јадранското Море има вкупно 44 видови ајкули што сочинува 75 проценти од сите видови рскавични риби во Јадранот.

Advertisement

Институцијата соопштла дека на брегот на Црна Гора е забележан редок вид на ајкула – песочното куче, додека најчест вид на голема ајкула е синото куче.

Илија Четковиќ, од Институтот за морска биологија, чија област на истражување се ајкулите вели дека спротивно на вообичаеното мислење на луѓето, овие видови можат да се најдат во сите мориња во светот, вклучително и во Јадранот, пренесува Вијести.

„Досега во Јадранското Море се забележани дури 59 видови. Некои од „живите фосили“ можат да се најдат во неговите води“, вели Четковиќ.

Институтот за морска биологија спроведува истражувања со цел да се утврди биодиверзитетот и зачестеноста на овие видови во нашите води. Наодите на некои датираат со децении и нивното сегашно присуство не е потврдено, кажал тој.

“Анализата на повеќегодишните податоци покажа дека од големите видови ајкули, сината ајкула е далеку најзастапена, додека сите останати се неспоредливо поретки. Ова не е изненадување, туку само ги потврдува претпоставките и се вклопува во трендовите на остатокот од Јадранот“, изјавил тој.

„Медитеранското Море претставува еден вид жариште на биолошката разновидност на ‘рскавичните риби, бидејќи е населено со околу седум проценти од нивниот вкупен број. Со ова ги повикуваме сите заинтересирани да ги проследат своите видувања и да фатат какви било ајкули, а ја користиме и можноста да им се заблагодарам на оние кои веќе го направија тоа“, рекол тој.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.