Речиси четири години нема завршница за несреќата кај Ласкарци

news
Advertisement

По речиси четири години од несреќата кај Ласкарци, судскиот процес нема завршница. Една година се чека супервештачење од Бирото за супервештачења, а со месеци се одложуваат и рочишта. Срамота е за судството, за судијката Дијана Груевска Илиевска која го води предметот велат блиските на лицата кои загинаа во несреќата. Сомнежот кај нив е голем дека вештачењето ќе биде изработено за да се заштитат виновниците.

Advertisement

„Ова супервештачење тврдам дека го работат непрофесионалци, знаеме кои се ангажирани. Сите се сомневаме и плашиме дали ова супервештачење е нарачано за да се заштитат виновниците во овој процес и да се одолговлекува. Тврдам дека вештачењето на Машинскиот факултет изработено за шест недели, го направи професионално. Тврдам дека ова е купување на време“ вели Благојче Трпевски, родител чиј син загина во несреќата.
Згрозени од одолговлекувањето на судскиот предмет, семјствата на загинатите во несреќата најавија дека ќе бидат порадикални и поекстремни. Тврдат дека нема да дозволат процесот да се влече уште долго време.

„Јас би ја прашал судијата, зошто се плаши да се симне и да се соочи со родителите и семејствата на настраданите и повредените? Нема да побегне од правдата. Правдата ќе биде испочитувана и мора да има. Луѓето што убија 16 особи, превозникот ‘Дурмо турс’ и останатите, мора да одговараат. Возачот и останатите, сите пет обвинети. Должност на судот беше во овие четири години беше да пресуди. Барањето за супер вештачење дојде во завршните зборови на судската постапка. Мислам дека ова е недозволиво. Ова покажува дали судот или судијката која го води процесот ги штити обвинетите за оваа тешка сообраќајна незгода – рече Трпевски.

Од Кривичниот суд пак велат дека сочуствуваат со оштетените, но велат и покрај 9-те ургенции Бирото го нема доставено, а претходно Техничкиот факултет во Битола одбило да го изработи супервештачењето заради немање доволно вештаци. За одолговлекувањето на судскиот процес велат од Кривичен биле известени и Судскиот совет и министерот за правда.

„Судот, со оглед да сеуште не го добил супервештачењето, за секоја презакажана расправа ги известува странките, но и оштетените преку нивните полномошници, дека предметот заедно со вештиот наод, сеуште не се вратени и судот нема Законски услови да продолжи со судењето“ велат во соопштението од Кривичниот суд.
Во тешката сообраќајна несреќа кај Ласкарци, загинаа 15 патници, а над 30 беа повредени. Обвинети се сопственикот на „Дурмо турс”, Дурмиш Белули, одговорниот за транспорт во фирмата Ремзи Мифтари и возачот на автобусот Маноел Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. За соучество во истото дело обвинети се тројца вработени во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.