СДСМ бара Мицкоски и Арсовска да го решат проблемот со ЈСП

news
Advertisement

Долгот во ЈСП, за само 1 година е драстично зголемен. ВМРО-ДПМНЕ и нивната градоначалничка го заглавија ова јавно претпријатија и јавниот превоз во Скопје го доведоа под прашање, објавија попладнево од СДСМ.

Advertisement

Според владеачката партија, „тоа е единствена причина зошто денеска вработените во ЈСП немаат земено плата“.

-Шпицниот градоначалник кој на партиска говорница најавуваше проекти за бесплатен превоз во Скопје каде е сега? Мицкоски, кој шеташе на митинзи заедно со Арсовска, кој бараше поддршка од скопјани да не се крие. Медарот Мицкоски и неговата Данела Арсовска да седнат, да почнат да работат и да го решат проблемот со ЈСП кој што тие го создадоа, велат од „Бихаќка“ преку соопштение.

Во Скопје утрово е во прекин јавниот автобуски сообраќај поради лажна дојава за поставена бомба во еден од автобусите.

Полицијата утрина уапсила вработен во ЈСП кој испратил мејл до директорот на тоа претпријатие дека ќе постави бомба во еден од автобусите поради нередовна плата.

Возачите најавија дека ќе престанат со работа додека не се обезбедат парите за нивните плати за месец септември.

Автобусите утрово не сообраќаа, па патниците со часови чекаа превоз, а по увидот постепено се вратија на улиците. За утре останува неизвесно дали автобусите ќе се најдат на скопските улици.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.