СДСМ: Македонската економија привлекува сериозни странските инвестиции

news
Advertisement

Со СДСМ и во време на криза македонската економија останува атрактивна за сериозни, големи странски инвестиции, кои отвораат нови работни места. Во Република Северна Македонија ќе се произведуваат електрични возила. Владата веќе даде согласност на Договорот за државна помош на компанијата „НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ“ од Ахен, Сојузна Република Германија, се вели во соопштението на СДСМ.

Advertisement

СДСМ соопшти дека фабриката ќе се изгради во Технолошко индустриската развојна зона во Тетово и тоа ќе биде прва фабрика во нашата држава во која целосно ќе се произведува електричен автомобил.

„Ова значи отворање на нови работни места, воведување на нови технологии и знаења, зголемен извоз на производ со додадена вредност, како и ставање на Северна Македонија на мапата на земји производители на електрични автомобили.Оваа мултимилионска инвестиција е доказ дека економијата е стабилна и конкурентна, сигурна за сериозни странски инвеститори, што се должи на одговорните, ефикасни мерки и политики на Владата предводена од СДСМ“, потенцираат од партијата./press24.mkk/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.