Северина пренесена во болница – дали пејачката е насилник или жртва?

news
Advertisement

Пејачката Северина Вучковиќ денеска помина низ вистинска драма. Таа беше уапсена на аеродром во Загреб по семејна драма.
Вечерта пред апсењето, Северина била во станот на нејзината мајка во Сплит, кога избил конфликт меѓу неа и нејзината сестра Маријана. Оваа расправија избила доцна во ноќта, кога соседите слушнале ненормална бучава.
Како што пренесуваат медиумите, Северина се нафрлила на нејзината сестра, кога почнале да се влечат по целиот стан. Двете наводно си удирале шлаканици и речиси било невозможно да се разделат, а сега во оваа прилика се огласи и адвокатот на Северина.

-Не се работи за тоа што и нанела повреди на сестра и, туку обратно, рече адвокатот, додека Северина денеска два часа даваше изјава во полиција.
Како што јави РТЛ, Северина се пожалила на болки во вратот на аеродромот и во придружба на полицијата била пренесена во болница во Загреб. Од менаџментот на пејачката велат дека Северина многу брзо ќе ја тужи својата сестра.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.