СЕ ПОДГОТВУВА АМНЕСТИЈА Социјалците што прекршија полициски час во пандемијата да не плаќаат казни

news
Advertisement

Група пратеници од власта подготвиле закон за амнестија на примателите на социјална помош, кои за време на најсилниот интензитет на пандемијата на коронавирус, биле осудени на парични казни зашто излегле од изолација или прекршиле полициски час, пишува СДК.мк.

Advertisement

Казните беа од две до четири, па и повеќе илјади евра. Оваа амнестија, според идејата на пратениците, нема да се однесува за кафеаните, теретаните и сите други што ги прекршуваа забраните за време на вонредната состојба.

Идејата за амнестија на осудените сиромашни луѓе кои биле осудени за ширење на заразата, дошла од Основниот кривичен суд Скопје, каде што имаше најголем број вакви судски случаи, односно казнени платни налози, кои доаѓа од Обвинителството, откако МВР ги фаќаше.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.