Сите зборуваат за новата романса: Бред Пит е во врска со манекенката Емили Ратајковски

news
Advertisement

Актерот Бред Пит е забележан на состанок со манекенката Емили Ратајковски, јавуваат западните медиуми. Според странските портали, Бред и Емили во последно време поминуваат многу време заедно. Светски познатиот актер и манекенката изминатиот период биле забележани во еден од париските ресторани, а деновиве биле „уловени“ во еден од њујоршките локали. Емили на својот инстаграм – профил објави и кратко видео како шета по малите скриени париски улици, по што следи прашањето Дали Бред стои позади камерата?
Актерот и моделот допрва треба да се изјаснат за нивните зачестени дружења. Да потсетиме, Емили Ратајковски и Себастијан Бур-МекКлард се разделија по четири години брак во јули оваа година, додека Бред моментално е во центарот на скандал поради судењето со поранешната сопруга Анџелина Џоли.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.