Скандал кај Артан Груби – потрошени над 160.000 евра за скриени хонорари

news
Advertisement

Истражувачката мрежа „Призма“, повикувајќи се на истржување на Балканската истражувачка мрежа БИРН, тврди дека има финансиски скандал во Министерството за политички систем предводено од Артан Груби. Според нив, во текот на 2022 година ова министерство потрошило над 160 илјади евра за скриени и неидентификувани хонорари. Според истражувањето, за консултации биле дадени и значителни суми за период од една година.

Advertisement

„Министерството плаќа за дополнителна работна сила. Само во текот на 2022 година во околу 40 случаи преку две авторски агенции „Артпик“ и „Лиценца МК 2000“ се исплатени различни износи: од 22 илјади денари до над 300 илјади денари месечно под ставката „други услуги по договор“, број под кој во најголем број случаи се повикуваат на ангажмани со хонорар. Министерството плаќа и за консултантски услуги. За ова е ангажирана агенцијата „ДМ Консалтинг Груп“. Низ неа „поминале“ вкупно 7.600 евра за една година“, пишува „Призма“.

Од 2016 година, кога ова министерство беше Секретаријат за спроведување на Охридскиот договор досега, на сметката на агенцијата „МК 2000 лиценца“ се исплатени околу 280.000 евра. ПРИЗМА неколку пати ја побарала документацијата на која се основаат договорите, но била игнорирана од службата за медиумска комуникација при Министерството за политички систем.

„Ни беа испратени празни фактури во кои нема записник и образложение зошто биле ангажирани лицата. Во записникот од фактурата пишува „изведувач“. Во декември повторно побаравме копии од договорите на кои се вршени плаќања, овојпат за 11 месеци. Немаме одговор“, пишува „Призма“.

Информациите не им биле доставени ниту по интервенција на Агенцијата за заштита на правото на пристап до информации од јавен карактер, од каде му наложиле на министерството да ги даде одговорите во рок од 15 дена. Според ПРИЗМА, одговор бил побаран директно и од Груби, но до објавувањето на истражувањето, не добиле ништо.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.