Спикерот Џафери во одбрана на своето „дете“ иден обвинител

news
Advertisement

Собранискиот спикер не гледа проблем во тоа што син му е на чекор да стане обвинител и покрај аферата во која Антикорупциската комисија откри дека предвреме полагал правосуден испит. Барлет Џафери е најспорното име на списокот на лица кои ја завршиле Академијата за судии и јавни обвинители, на кој може да се најдат и имиња на блиски роднини на функционери, актуелни и поранешни обвинители и судии, најмногу поради тоа што успеа да влезе во академијата без да ги исполни условите, а сега ќе биде во позиција и самиот да истражува криминал.

Advertisement

Истрагата на антикорупционерите за случајот со синот на Џафери беше проширена, но не доби епилог, што за неговиот татко е доказ нека тука нема ништо спорно.

За опозициската ВМРО-ДПМНЕ ова е преседан од невиден размер и ги повикаа сите надлежни институции да реагираат.

На списокот за јавни обвинители и судии се најдоа и сопруги и снаи на политичари и судии. Меѓу нив е и сопругата на шефот на обвинителството за организиран криминал, Ислам Абази, снаата на генералниот секретар на Собранието, Цветанка Иванова, сопругата на градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски, ќерката на пензионираната обвинителка Гордана Смаќоска. Иден судија ќе биде и синот на заменичката на Катица Јанева, обвинителката Елизабета Јосифовска. Синот на судијата од скопска Апелација, Енвер Беџети, пак, ќе биде јавен обвинител.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.