Скандал: Сопственик на хотел ги снимал гостите во собите со скриени камери

news
Advertisement

Сопственик на хотел на Халкидики, Грција ги снимал своите клиенти во нивните соби со скриени камери. Според грчките медиуми на 30 септември, брачен пар кој престојувал во хотел во селото Касандра, Халкидики пријавил дека во собата пронашле скриена камера која ги снимала нивните интимни моменти.

Advertisement

Парот на 29 септември ја забележале скриената камера во штекерот и следниот ден го пријавиле сопственикот во полиција.

Во истрагата што ја спровеле властите, било откриено дека само во оваа соба биле снимени уште најмалку десет други парови, додека камерите биле во сите соби на сместувањето.

Полицијата го уапсила сопственикот на хотелот на Халкидики кој по изјавата во полициската управа Касандра е пуштен на слобода. Тој во сведочењето нагласи дека приватните моменти на станарите ги снимал за лична употреба.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.