Скендер Реџепи ја формираше партијата Движење на народот

news
Advertisement

Пратеникот Скендер Реџепи – Зејд синоќа ја промовираше новата политичка партија во албанскиот политички блок, чиј лидер е тој, Движење на народот. По основачката конвенција тој на Фејсбук напиша дека е „добар почеток на политичкото патување, кое ќе ни овозможи да ја задржиме насоката започната многу порано, но сега со новиот политички концепт, под чадорот на Движењето на народот“.

Advertisement

Според Реџепи, тие ќе биле пример за промена на светот.

– Господ нема да ја промени состојбата на народот, туку народот мора сам да го стори тоа. Инспирирани сме од изреките на нашите предци дека љубовта кон татковината е карактеристика на луѓето кои сакаат да го променат општеството. Инспирирани сме од изреката дека ако сакаме да го промениме светот, мора да бидеме пример додека помалку зборуваме, затоа што зборот сам по себе не го менува светот. Затоа денеска со гордост и достоинство велам дека ова тело, оваа група ќе го промени светот, затоа што тоа е најдобриот пример кој може да го има некој – изјавил Реџепи за ТВ21.

Реџепи претходно беше соосновач на Движењето Беса, па премина во Алтернатива, а од лани е независен пратеник. Неодамна, на седницата за уставни измени се закани дека ако тие не се изгласаат, албанските општини ќе го бараат патот кон ЕУ одделно од македонските.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.