Скијач удрил во дрво и починал на самото место: трагедија на Алпите

news
Advertisement

Скијач од Велика Британија загина кога удрил во дрво во францускиот ски-центар Аворијаз во Морзине.

Advertisement

Спасувачкиот тим на планината бил известен за несреќата околу 15 часот по локално време по извештаите дека скијачот ја напуштил патеката и со голема брзина удрил во дрво кога скршнал за да избегне група други скијачи.

Жртвата сè уште не е идентификувана, но се верува дека има 68 години.

Спасувачите ја нашле во несвест и покрај сите напори не успеале да ја спасат.

Скијачот бил прогласен за мртов на местото на настанот, пишува „Дејли мејл“.

Аворијаз е едно од 13-те скијачки центри во регионот Portes du Soleil, врвна дестинација за љубителите на алпинизмот од целиот свет, кој покрива делови од француските и швајцарските Алпи.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.