Случајност или не? На ист ден се разрешува Русковска, Мухареми дава оставка

news
Advertisement

На ист ден Шефицата на обвинителстовото за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска е суспендирана од работа. А на ист ден оставка подаде и Директорот на Финансиска Полиција Арафат Мухареми. Дали ова е случајност или не, никој не може да каже.
„Да времено сум отстранета од работно место“, потврдува таа за ТВ21.

Advertisement

“Имајќи ја предвид одлуката на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески да поведе постапки за утврдување дисциплинска одговорност за сите три јавни обвинителки и да ја суспендира Вилма Русковска од функцијата основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поради незаконитото постапување и злоупотребата на службената положба и овластување, по своја сопствена волја се повлекувам од функцијата в.д директор на Управата за финансиска полиција. Ваквата одлука ја носам со цел во јавноста да не постои ни најмал сомнеж во интегритетот, непристрасноста и независноста на постапката која што и понатаму останува да се води во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Денешната одлука на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија даде јасна порака дека законите мора сите да ги почитуваат и дека злоупотребите на функциите за лични цели се недозволиви” изјави Мухареми.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.