Сопартијци го повикуваат Вучиќ да не се повлекува: За вас не постои замена

news
Advertisement

Страшна загуба е неговото заминување од позицијата шефот на СНС! За него не постои замена, ниту сега, ниту за илјада години. Ретко во историјата има таков државник, кој смирил буре барут и го претворил во раскрсница за која цел свет се интересира, напиша пратеничката на СНС Сандра Божиќ на Инстаграм
Пратеничката на СНС, Сандра Божиќ, преку својот профил на Инстаграм, го повика претседателот на Србија Александар Вучиќ да не поднесува оставка бидејќи, како што напиша, тој бил единствениот способен да ја води и да ја зачува Србија. Ваквиот повик на Божиќ доаѓа по синоќешната вест дека Вучиќ им рекол на сопартијците дека ќе се повлече од позицијата претседател откако претходно на средба со најблиските соработници во седиштето на партијата имало несогласувања и повици да се отфрлат преговорите со САД и ЕУ.

Advertisement

„Нему му должиме напредок, нему му должиме мир! Поради него денес Србија е почитувана и земја со интегритет со која веќе никој не може да се плетка! Страшна загуба е неговото заминување од позицијата шефот на СНС! За него не постои замена, ниту сега, ниту за илјада години. Ретко во историјата има таков државник, кој смирил буре барут и го претворил во раскрсница за која цел свет се интересира! Неговото заминување го сметам и за мој личен пораз затоа што искрено ја губам мотивацијата да продолжам да учествувам во политиката! Затоа што знам што е следно! Мојот политички пат го одредува неговото постоење и неговите постапки“,

напиша Божиќ на Инстаграм.
Таа додаде дека без Вучиќ буре барутот повторно ќе се запали.

„Претседателе Вучиќ, на Србија ѝ требаш! На нашите деца и генерации што доаѓаат им требате! На иднината ѝ требаш, која никогаш нема да биде иста без тебе на чело! Простете ми за моите емоции, но ова се најтешките редови што сум ги напишала!“,

напиша Божиќ.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.