Јануари изминува, од сценариото на Мицкоски за рушење на Владата нема ништо

news
Advertisement

Кон крајот на јануари или најдоцна во почетокот на февруари да се изгласа распуштање на Парламентот, во средината на февруари да се формира техничка влада, а изборите да се одржат во втората половина на мај.

Advertisement

Вака лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на Божиќ го претстави своето сценарио за пад на Владата на СДСМ и предвремени парламентарни избори.

На христијанскиот празник Водици, Мицкоски обвини дека одредени како што вели тој полукриминални структури им се заканувале на пратеници.

Таквиот став од СДСМ го протолкуваа како нова лага на Мицкоски затоа што, според нив, се покажало дека тој не може да собере 61 пратеник кои би гласале за распуштање на Собранието.

Од јануари изминаа дваесеттина денови, февруари е се поблиску, а од сценариото на Мицкоски се уште нема ништо.

Напротив, деновиве се погласно се зборува за влез на Алијанса за Албанците со што дополнително би се зголемило парламентарното мнозинство и на тој начин, сценариото на Мицкоски е осудено на дебакл.

Како што изминува времето, Мицкоски го засилува притисокот за предвремени избори, со што би ги смирил турбуленциите внатре во партијата особено од градоначалниците на големи општини, кои се и високи партиски функционери а чии апетити во меѓувреме се значително зголемени.

Во исто време, СДСМ и ДУИ се во процес на создавање таканаречена европска опција со цел обезбедување 80 пратеници за носење на уставните измени.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.