11 пијани возачи санкционирани во Штип

news
Advertisement

Во текот изминатата вечер (21/22.01) односно во периодот од 22 часот вчера до 03,00 часот денес на територијата на Секторот за внатрешни работи Штип беше спроведена засилена акциска контрола за санкционирање на возачи коишто управувале возила под дејство на алкохол.

Advertisement

Притоа, од страна на полициските службеници биле санкционирани 11 возачи коишто управувале возила под дејство на алкохол.

Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот на стриктно почитување на сообраќајните правила и прописи, а во интерес на личната безбедност и безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.