Со испраќањето на тимот за санкции, САД ја притискаат власта, вели Васко Наумовски

news
Advertisement

Доаѓањето на тимот за санкции на САД е добра вест за борбата против корупцијата, а лоша вест за власта, вели за „Фокус“ универзитетскиот професор и поранешен амбасадор во САД, Васко Наумовски.

Advertisement

Според него, доколку власта си ја врши работата како што треба – нема да има потреба од надворешни актери.

–Ове може да се толкува и како своевиден притисок врз власта, и охрабрување за граѓаните, цивилното општество, медиумите отворено да пријавуваат корупција, како и охрабрување за оној дел од судството и обвинителството кои се непристрасни и професионални во своето работење, толкува Наумовски.

Според него, највидлив показател за непристрасноста на судството и обвинителството во борбата против корупцијата, би било покренување обвиненија и носење на пресуди против корумпирани функционери од сегашната власт.

-На тој начин се покажува дека судиите не се плашат од власта, дека се имуни на политички притисоци и влијанија, и само така ќе се зголеми довербата на граѓаните во судството и воопшто во државата, додава тој.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.