СП2022: Португалија последен четвртфиналист Опсервер: СП2022: Португалија последен четвртфиналист | opserver.mk

news
Advertisement

Во последниот осминафинален натпревар на Светското првенство во фудбал Португалија вечерва во Лусаил убедливо ја совлада Швајцарија со 6-1 (2-0), предводена од тројниот стрелец Гонсало Рамос.
Опсервер: СП2022: Португалија последен четвртфиналист | opserver.mk

Advertisement

Португалија, во чиј почетен состав немаше место за Кристијано Роналдо, поведе преку Рамос во 17 минута, а до крајот на полувремето Пепе во 33 минута зголеми на 2-0. Рамос (51, 67), Рафаел Гериро (55) и Леао (90+2) беа стрелци во португалскиот состав во вториот дел, додека почесниот гол за Швајцарија го постигна Мануел Аканџи (58). Противник на Португалија во четвртфиналето ќе биде Мароко, кој претходно денеска на пенали ја елиминираше Шпанија.
Опсервер: СП2022: Португалија последен четвртфиналист | opserver.mk

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.