Advertisement
П.С. (67) од Србија, кој работел како стручен консултант на фарма за свињи во атар на село Моин, гевгелиско, вчера бил пронајден починат во објектот.
Advertisement
Како што соопштија од СВР Струмица, настанот бил пријавен во Полициската станица во Гевгелија вчера во 10:30 часот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Извор. https://sitel.com.mk/srbin-pronajden-pochinat-na-farma-za-svinji-vo-gevgelisko-moin
Advertisement