Српскиот автобус кој се преврте во Унгарија возел „на диво“

news
Advertisement

Белградската агенција Травелино која ја организирала екскурзијата во Будимпешта не била членка на српската Асоцијација на туристички агенции ЈУТА, објави порталот на телевизија Н1.

Advertisement

Тие го најмиле автобусот од фирмата „Студио 5 лоџистик“ од Сомбор. Директорот на Националната алијанса на туристички агенции на Србија-ЈУТА Александар Сениќ за Н1 изјавил дека Травелино не е членка на на нивната асоцијација.

„Постојат многу превозници кои сообраќаат во т.н. сива зона“, рекол Сениќ за Н1.

Во автобусот кој се преврте на автопатот 53 во близина на гратчето Кишкунхалаш во Унгарија патувале 55 туристи од Белград и од Нови Сад. Повредени се 15 патници, а две жени и совозачот се задржани на болничко лекување.

Најголем дел од патниците решиле да почекаат нов автобус и го продолжиле своето првомајско патување во Будимпешта, а 17 туристи се вратиле во Белград.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.