Страотен судир на автомобил и камион утрово кај Зајас, загинаа две жени од Тетово

news
Advertisement

Во тешка сообраќајна несреќа која се случила утрово на патот Гостивар-Кичево кај селото Залас, загинаа две жени од Тетово, соопшти МВР. До несреќата дошло кога се судриле камион, исто така управуван од тетовчанец, и автомобилот во кои жртвите биле сопатнички.
На 20.08.2022 година во 09,15 часот, на магистралниот пат Гостивар -Кичево кај кичевското село Зајас, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно моторно возило „мерцедес” со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.И.(58) и патнички автомобил „голф” со тетовски регистарски ознаки, управуван од А.И.(78), двајцата од Тетово. На местото на несреќата, на повредите им подлегнала Т.В.(54) од Тетово додека во амбулантно возило, на пат кон Ургентниот центар во Скопје, починала С.Ц.(75) од Тетово, двете сопатнички во второто возило“, пишува во полициското соопштение.

Advertisement

По наредба на јавен обвинител, врз телата на починатите ќе се изврши обдукција.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.