Тепачка среде трговски центар: Го фатила сопругот како ги троши парите од К-15 на швалерката, па настанал општ хаос (ВИДЕО)

news
Advertisement

Врескање, борење, кубење… Ова се зборовите со кои може да се опише она што се случи на 20 декември во мексиканскиот трговски центар наречен Galerías Metepec, во еден од ходниците пред запрепастените граѓани.

Advertisement

Како што пренесуваат тамошните медиуми, конфликтот меѓу двете жени бил предизвикан од брачно неверство, а на сведоците на немилиот инцидент им биле потребни неколку минути да го запрат инцидентот.

Физичката пресметка ја започнала сопругата која го затекнала сопругот како го троши божиќниот бонус на подароци за љубовницата, што го потврдиле и сведоци кои изјавиле дека мажот неуспешно ја убедувал својата сакана дека таа целосно погрешно ја протолкувала ситуацијата.

„Тоа е мојата колешка од работа, само се согласив да и правам друштво додека ги посетувам продавниците, мојот божиќен бонус сè уште ми е на сметката“, ја уверувал гневната госпоѓа, но сосема залудно бидејќи таа му рекла дека знаела дека тој ја изневерува веќе некое време.

“Чекај, мислиш дека сум толку глупава? Добро, дај да видам. Каде ти се парите? Ајде, дај да ги видам”, извикала сопругата влечејќи ја швалерката за коса. Несреќната жена толку многу врискала што набрзо морало да реагира и обезбедувањето на трговскиот центар.

Граѓаните дел од инцидентот го снимиле со своите мобилни телефони, па фотографиите се појавиле на Твитер.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.