Трагедија во Кичево: Почина велосипедист откако во него удрило возило

news
Advertisement

На 01.12.2023 во 12.10 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на регионалниот пат Осломеј-Кичево, кај место викано „Ѓубриштето“, товарно возило „мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од К.К.(26) од с.Гарани, кичевско, удрило во велосипед управуван од Ј.С. (63) од Кичево, информираат од МВР.

Advertisement

Од здобиените повреди на местото починал велосипедистот, а смрт констатирал лекар од Медицински центар Кичево.

Увид извршила увидна екипа од ОВР Кичево, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.