Тројца полнолетни и три деца со нож се заканувале и барале пари

news
Advertisement

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против три лица на возраст од 18-19 години, кои се осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело разбојништво. Во извршувањето учествувале и три малолетни деца во судир со законот, за кои ќе биде поведена постапка согласно Законот за правда на децата.

Advertisement

Како што информира денеска Јавното обвинителство, лицата заедно на 23 ноември годинава во Градскиот парк во Скопје се заканиле со пиштол дека ќе нападнат врз животот и телото на оштетен и оштетена, кои седеле на клупа. На тој начин од нив одзеле еден машки рачен часовник и 1.200 денари со намера противправно да ги присвојат.

„Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка предложи определување мерки на претпазливост за полнолетните осомничени, вклучувајќи забрана тие да се приближуваат до оштетените во текот на постапката“, се наведува во соопштението.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.