Затворени неколку патни правци поради снегот, АМСМ со важно соопштение до возачите

news
Advertisement

Од 17:20 часот патниот правец Струга-ГП Ќафасан е во прекин за тешки товарни возила.

Advertisement

Од 17:00 часот на патниот правец Кратово-Пробиштип, поради обилни врнежи на снег воведена е забрана за движење на ТТМВ.

Од 17:00 часот на патниот правец Превој-Буково, и обратно, поради обилни врнежи на снег воведена е забрана за движење на ТТМВ

Од 16:15 патниот правец Гостивар-Стража e целосно затворен за сообраќај.

Од 17:20 патниот правец Струга – ГП Ќафасан е во прекин за тешки товарни возила.

Од 15:20 часот на патниот правец Битола-Ресен, и обратно, кај превој „Ѓавато“, поради обилни врнежи на снег воведена е забрана за движење на ТТМВ.

Од 16:35 на патниот правец Градско-Прилеп кај превој „Плетвар“ и обратно, поради временските услови има забрана за движење на ТТМВ.

Од 16:30 патниот правeц Крива Паланка граничен премин Деве Баир е затворен за тешки товарни возила.

Задолжително користење на зимска опрема (ланци) од 14:00 на патниот правец Тетово-Попова Шапка.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.