Уапсено 18-годишно момче за кражбата на возилото на Брза Помош во Кочани

news
Advertisement

Осумнаесетгодишно момче е осомничено за кражбата на возилото на Итната медицинска помош во Кочани, од кругот на болницата. Тој вчера бил уапсен во 15.40 часот.

Advertisement

Како што веќе информираа од МВР, по преземени мерки и активности, возилото било пронајдено во 08.30 часот на ул.„Кирил и Методиј“ во Кочани и било вратено на Итната медицинска помош. – По преземени оперативно – тактички мерки расчистени се и кривични дела „тешка кражба“ на компјутер и „одземање моторно возило“ „опел корса“, извршени претходно. Во службен разговор во полициска станица Д.Н. ги признал дела, а одземените компјутер и возило „опел корса“ биле пронајдени и вратени на сопствениците. По целосно документирање на случаите против него ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, соопштија денеска од МВР.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.