Убиецот Палчо има имот во зградата на Вања, грабната во влезот, а врзувана и изнесена преку подрумите

news
Advertisement

Убиецот Љупчо Палевски – Палчо и неговата градежна компанија УНА ЕНТЕРПРИСЕ ја граделе зградата во која живееше и е киднапирана 14 годишната Вања Ѓорчевска. Грабната е откако се симнала по овие скали, пред да излезе надвор низ главната врата, па преку овие скали симната во подрумските простории, каде според истражувањето на ТВ21 и овој имотен лист, 20 метри квадратни поседува и двократниот убиец Палчо.

Advertisement

Во зградата не може да се влезе без некој да ви отклучи или ако поседувате клуч или токен со кој ќе може да ја отворите вратата. Овој простор од надворешна страна е обезбеден и со безбедносна камера, но на истата нема детали бидејќи киднапирањето се случувало во внатрешноста.

Палчо имал клучеви од главната влезна врата и подрумските простории, бидејќи на поткровјето има уште еден простор со вкупна површина од 11 метри квадратни.

„Во влезот од зградата, го земаат и е ставено со врзани раце и нозе во една вреќа за спиење и го изнесуваат го ставаат во гепек од возилото“, изјави Оливер Спасовски.

Убиецот кој е приведен во Турција и се чека негова екстрадиција, е поранешен сопственик на градежната компанија УНА ЕНТЕРПРИСЕ која сега деловно е неактивна бидејќи е во стечај. Адресата на комапнијата е токму зградата во која живееше и Вања. Наум Наумовски Борче 87.

Според нашето истражување, Палчо е дел од компанијата до 14.06.2006 година, по што се брише од овластено лице. Се додава Симон Михајлоски. Подоцна компанијата оди во стечај.

Во имотниот лист на компанијата во зградата каде што живееше Вања пишува дека поседува 75m2 ходници со скали, кои се заеднички. 11m2 има простории на мансарда односно поткровје и 20m2 во приземје.

Досега Обвинителството и полицијата соопштија дека изнуда на пари се причините за грабнувањето на Вања. Но без да бидат соопштени повеќе детали, ниту пак потврдување на шпекулациите дека неодамна продаден стан, кој мајката на Вања го имала во наследство, е точната причина.

Инаку, станот во кој живеела Вања со мајка ѝ и помалата сестра е во сопственост на нејзиниот татко, Александар Ѓорчевски кој сега е осомничен во организацијата за киднапирањето на Вања. Станот на Наум Наумовски Борче е во негова сопственост и изнесува 92 метри квадратни, со дополнителни 13m2 тераси.

Во 2003 година имаше и кражба во фирмата на Љупчо Палевски Палчо, во истата зграда. Тогаш крадците го одзеле сефот од компанијата, но не можеле да го отворат. Па медиумите пишуваат дека тоа се малерозни криминалци. Подоцна откако беа уапсени крадците, изјавија дека иако го украле сефот, во него немало пари.

ИЗВОР. https://mk.tv21.tv/ubietsot-palcho-ima-imot-vo-zgradata-na-vana-grabnata-vo-vlezot-a-vrzuvana-i-iznesena-preku-podrumite/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.