Укинувањето на царинските давачки клучно за намалувањето на цената на макароните, оти немаме домашно производство

news
Advertisement

Во врска со макароните, министерот за економија Крешник Бектеши посочи дека е многу важно да се гледаат сите ставки во утврдувањето на нивната цена, особено на царинските давачки со чие укинување цената на овие тестенини оди надолу и до девет денари
Со одлуката за замрзнување на цените на тестенините, конкретно на макароните владата паралалено донесе одлука и за укинување на цените на царинските давачки за овие производи, бидејќи, како што појасни министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција, немаме домашни производители на оваа намирница и целокупниот македонски пазар се снабдува преку увоз.

Advertisement

Во врска со макароните, посочи Бектешки, е многу важно да се гледаат сите ставки во утврдувањето на нивната цена, особено на царинските давачки со чие укинување цената на овие тестенини ќе оди надолу и до девет денари.

„Во делот на макароните имаме направено детална анализа имајќи предвид дека за жал немаме домашно производство и главно сите макарони на нашиот пазар се увезуваат. Накратко да објаснам како сме дошле до оваа одлука имајќи ја предвид одлуката што паралелно ја донесовме за укинување на царионските давачки. Во делот на макароните е многу важно да се гледаат сите инпути во утврдување на цената во малопродажба, што значи дека со постоечките царински давачки цената би била околу 49,3 денари (за 500 грама) за одредени макарони кои се увезуваат во нашата држава, а кои го покриваат повеќе од 70 отсто од пазарот. Ова значи дека ако цената на макароните во малопродажба во моментот е 49,3 денари со новите мерки таа би требало да биде максимум 41,8 денари (за 500 грама) што значи намалување од околу седум, осум, па и 9 денари директно само од намалувањето на царинските давачки“, Цените на макароните се очекува да одат и подолу од овие 41,8 отсто заради маржите кои се утврдени со претходна одлука, додаде Бектеши.

Премиерот и министерот за економија денеска на прес-конференција ја соопштија одлуката на Владата да ги замрзне цените на тестенините и на млечните производи со што тие ќе се намалат за 15 односно 10 отсто.

Одлуката ќе се применува од 16 март 2023 година до 31 мај 2023 година.

Од тестенините конкретно станува збор за макароните и шпагетите, а намалувањето на нивните цени ќе биде за околу 8-9 денари.

„Се замрзнуваат и цените на млечните производи и тоа трајното кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%; урдата; кравјото бело сирење и мешаното бело сирење; кравји кашкавал – со исклучок на кравји кашкавал без додатоци и пармезан; киселото млеко; павлаката и јогуртот без додатоци. Највисоките цени на овие производи се утврдуваат на нивото на цените кои се применувале на 1 март 2023 година во трговијата на мало кои цени се намалуваат за 10 проценти“,

наведе премиерот.
Владата ги замрзна цените на тестенините и млечните производи: Намалувања за 15 и 10 отсто

Министерот за економија упати порака до производителите на млечни производи да не прават притисок до земјоделците како директни производители на сурово млеко и да бараат од нив да ги налат цените, бидејќи, како што истакна“, анализите на Министерството се детално направени и на производителите им е сотавен доволен простор да ги намалат цените.

„Многу е важно да се каже дека одлуката влегува во сила од 16 март значи од наредбата недела за да им се даде простор на сите увозници и на сите компании и тие што се занимваат со продажба на тестенини и на тие со млечни производи да ги сменат сите договори со корпорантите но и со трговците на мало. И би сакал една порака посебно до производителите на млечните производи да не прават притисок до кооперантите за да им ги намалат цените на земјоделците односно тие што продаваат директно сурово млеко заради тоа што анализите се направени толку точни така што имаат доволно голем простор за да ги направата потребните намалувања“,

истакна министерот за економија.

Министерот за економија, Крешник Бектеши/Фото: Принтскрин
Ова е второ замрзнување на цените годинава. Претходно, на владина седница на 28 февруари беше одлучено да се замрзне цената на белиот и полубелиот леб со тежина од 450 грама и повеќе на максимални 33 денари. Исто така, поради тоа што претходно не ги намалија цените, беше укинато субвенционирањето односно повластената тарифа на струјата за производителите на основни прехранбени продукти.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.