Утре во 10 Ковачевски ќе му ја отстапи фотелјата на Џафери

news
Advertisement

Ве известуваме дека на 29 јануари 2024 година (понеделник) со почеток во 10:00 часот во Владата на Република Северна Македонија предвидено е примопредавање на функцијата помеѓу досегашниот претседател на Владата, Димитар Ковачевски и Талат Џафери, претседател на преодната Влада на Република Северна Македонија.

Advertisement

По пристигањето на платото на Владата на Република Северна Македонија, планирано е премиерите Ковачевски и Џафери да одржат кратка средба. По средбата во 10:30 часот тие ќе дадат изјава за медиумите за што се предвидени новинарски прашања во формат 2+2.

Фоторепортерите и снимателите ќе имаат можност за инсерти и од пристигањето на премиерите на платото пред Владата како и од средбата помеѓу досегашниот претседател на Владата, Димитар Ковачевски и Талат Џафери, претседател на преодната Влада на Република Северна Македонија.

За таа цел фоторепортерите и снимателите треба да се најдоцна до 08:30 во медија центарот на Владата.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.