Advertisement
За коментар на Фејсбук од мај годинава, жител на Гевгелија заработи кривична пријава.
Advertisement
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Л.Д.(63) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем”.
-Тој, на 10.05.2023 година, по вест од еден медиум објавена на социјалната мрежа Фејсбук, поставил коментар со кој ширел говор на омраза, соопшти СВР Охрид.
Advertisement