Затвореници за Телма сведочат дека завршиле со скршеници откако биле претепани од полицијата во „Идризово“

news
Advertisement

Затвoреници од затворот „Идризово“ сведочат дека завршиле со скршеници откако биле нападнати и претепани од полицијата. Како што пренесува ТВ Телма, дел од затворениците со кои контактирале, тврдат дека биле малтретирани, а заменик-директорот на затворот, Феми Јонузи, потврдил дека е повикана Итната медицинска помош и дека информации ќе има откако сè ќе заврши.

Advertisement

„Не прашуваат кој си, што си – почнуваат одма со ќутек, од прв до последен. Над 150 души сме тепани. Има камери од видеонадзорoт, сè може да се види, како нè малтретираат физички и психички. Сè ни искршија, телевизори, јадење, алишта ни земаа, не тераат да ги собираме да ги фрлиме во ѓубре. И ќутек колку можат удираат, а има над сто повредени со глава скршена, раце, нозе, заби скршени“,вели еден затвореник во телефонска изјава за ТВ Телма.

Денеска полицијата соопшти дека при претрес во полуотвореното оддление во затворот „Идризово“ биле пронајдени 63 мобилни телефони, 82 ножа, 4 шила, 71 полнач за телефони и дрога. Во акцијата, како што соопшти МВР, биле повредени затвореници, но и полициски службеници.

„При преземањето службени дејства, се собрала поголема група затвореници која пружила активен отпор, но биле совладани по преземени мерки и активности. Притоа, со повреди се здобиле 10 полициски службеници, а со повреди се здобиле и дел од затворениците. По документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“,изјави Тони Ангеловски, портпарол на МВР.

Извор: https://360stepeni.mk/zatvorenitsi-za-telma-svedochat-deka-zavrshile-so-skrshenitsi-otkako-bile-pretepani-od-politsijata-vo-idrizovo/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.