Уште едно поскапување: Ова се новите цени на горивата во Македонија

news
Advertisement

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,65% во однос на одлуката од 26.5.2023 година.

Advertisement

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,694%, кај дизелот за 0,269%, кај екстра лесното масло за 0,479% и кај мазутот зголемувањето е за 1,637%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,145%

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менуваат.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.