Фаќачот на крстот Никола Јакимоски од Охрид го донираше телевизорот кој го доби на подарок на Школата за дечиња „Бон-Тон“

news
Advertisement

Никола Јакимоски, 29-годишниот охриѓанец кој беше најсреќен оваа година за празникот Богојавление Водици го донираше телевизорот кој го доби на подарок на Школата за дечиња „Бон-Тон“.

Advertisement

Светиот крст годинава заврши во рацете токму на Никола Јакимоски, кој посака здравје, среќа и бериќет во текот на целата година.

– Скокам по крстот од својата 15-та година и како сите имав желба да го фатам. Оваа година среќата ме посака мене. Секогаш е тешко да се влезе во студените води, ама желбата е поголема од тешкотиите. Посакувам здравје, среќа, љубов, свадби, дечиња, напредок на сите полиња, рече Јакимоски. (Крај)

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.