Филипче не исклучува камбек во политиката

news
Advertisement

Она што на сите им паѓа в очи е блискоста на поранешниот премиер Зоран Заев со поранешниот министер за здравство, Венко Филипче, кој замина од владиниот тим откако Алтернатива влезе во Владата и Министерството го презеде кадар од оваа партија – Беким Сали.

Advertisement

Денес, тие се заедно во Фондацијата Заев, но заедно се и на секоја слика што излегува во јавноста. Заедно се сликаат на свадба кај сопартијците, заедно одат во Анталија на форум, заедно ја следеа трибината на СДСМ во Струмица.

По заминувањето од министерската функција, Филипче си се врати на редовна работа на Клиниката за неврохирургија и на Медицинскиот факултет во Скопје и цело време се шпекулира дека со Заев планираат нов бизнис.

Филипче во изјава за „Фокус“ тврди дека не планира никаков бизнис, но дали ќе се врати во политиката, сега не го знае точниот одговор.

-Нека биде политичка изјава тоа дека сѐ уште се чувствувам млад – вели во кусата изјава Филипче.

Со заминувањето на Заев од владата, партијата, па и политиката, не си замина само Филипче, туку и плејада други тогашни министри.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.