Advertisement
На територија на Град Скопје вчера во рамки на засилените сообраќајни акциски контроли изречени се вкупно 163 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 72 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, 20 санкции за возење под дејство на алкохол.
Advertisement
– Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон, шест санкции за нерегистрирани возила, четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест санкции за некористење сигурносен појас…, информираа од МВР.
Засилените акциски контроли продолжуваат, најавуваат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
Advertisement