ХАОС, КОВАЧЕВСКИ ЕВАКУИРАН, ОТКАЖАНИ СИТЕ ЛЕТОВИ! Поради бомбите откажан политички настан

news
Advertisement

Поради дојавите за бомби, кои утрово биле испратени до хотелот „Александар Палас”, откажана е денешната годишна конференција на Стопанската комора на Северна Македонија, на која требаше да се обрати премиерот Димитар Ковачевски. Гостите и вработените се евакуирани од „Александар палас”, а полициски екипи го проверуваат објаектот.

Advertisement

Дојава со закана со бомба добил и Меѓународниот аеродром – Скопје, поради што се евакуираат и патниците и вработените, а откажани се сите летови и повикана е полицијата да изврши проверка. Привремено е затворен и се вршат проверки и во „Ист гејт мол”. Ова е прв случај на дојава за поставена бомба на настани на кои е предвидено да присуствуваат политичари. Освен Ковачевски на конференцијата требаше да учествуваат и министрите за економија Крешник Бектеши и за финансии Фатмир Бесими.

Деновиве цел на дојави за бомби, покрај училишта, се и институции, трговски центри и други објекти. Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани досега рекордни 49 дојави за бомби, за кои полицијата по проверките посочија дека се лажни.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.