Хаџи Јанев: Нашите безбедносни служби професионално и експресно ја завршија својата работа за осомничените лица за убиството на Вања

news
Advertisement

Нашите безбедносни служби професионално и експресно ја завршија својата работа кога станува збор лоцирање а потоа и лишување од слобода на инволвираните лица кои се сомничат за убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска и Павле Жежовски од Велес. Дополнително појаснување за домашната јавност е и фактот што независно колку македонските институции се ефективни во испорачувањето на документацијата потребна за турските власти за испорачување на осомничениот Љупчо Палевски за сторените кривични дела во земјава, постојат меѓународни правни процедури кои мора да се испочитуваат и запазат – вели универзитетскиот професор Методи Хаџи Јанев при гостување во утринската емисија на „Слободен печат“.

Advertisement

Хаџи Јанев при разговорот во студиото објасни дека сепак екстрадицијата не е гарантирана во сите случаи а особено кога станува збор политичка позадина. Како што тврди професорот во случајот со убиството на малата Вања не станува збор за никаква политичка конотација и затоа не би требало да има големо одолговлекување на процедурата.

-Она што е можеби и најголема среќа во случајот и се однесува на побрзо задоволување на правдата е фактот што Македонија и Турција имаат потпишано билатерален договор за меѓусебна екстрадиција на лица обвинети за кривични дела што според мене навестува брзо испорачување на осомничениот Љупчо Палевски на домашните институции вели – Хаџи Јанев.

Познавачот на меѓународните односи посочува дека сега целата процедура се сведува на работата на турските институции и нивната проценка за гонетиот Палевски а тоа според Хаџи Јанев може да потрае еден месец но и повеќе.

-До сега она што е собрано од информации во предистражната и истражната постапка говори дека нема индикации за политичка вмешаност и поврзаност со осомничениот бегалец. Доколку се направи ретроспектива на бегалците од земјава кои се осудени правосилно во постапки а кои сè уште не се достапни за нашите правосудни орган како случајот со екс-премиерот Никола Груевски но и останатите, може да се увиди дека станува збор за тотално различни случаи кои се со дебела политичка вмешаност. Во тој контекст овде не очекувам да има никакво пролонгирање на испорачување на осомничениот од страна на турските власти освен ако не станува збор за некоја административна грешка направена ненамерно од наша страна со цел побрзо да се комплетира документацијата за испорака на бегалецот Палевски за која Турција би барала дополнителни информации– посочи професорот Хаџи Јанев.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.