ХОМОФОБИ ГО НАПАДНАА ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА Маскирани лица го навредувале Каселакис пред да влезе во кино

news
Advertisement

Со погрдни и навредливи зборови, лидерот на СИРИЗА Стефанос Каселакис синоќа беше вербално нападнат од непознати маскирани лица, во моментите кога пристигнуваше во кино во рамките на Фестивалот на документарен филм. Вербалниот напад беше осуден од Владата и партиите, јави дописничката на МИА од Атина.

Advertisement

Портпаролот на грчката Влада, Павлос Маринакис изрази „очигледна и недвосмислена осуда за вербалниот напад“ врз Каселакис и порача дека за маскирани лица и лица со палки нема место во демократијата.

Во исто време со пристигнувањето на Каселакис во кинотo, во непосредна близина се одржуваше протест против хомофобијата, а групата непознати лица освен што вербално го нападна лидерот на СИРИЗА, физички нападна и полицаец.

Протестот против хомофобијата беше организиран откако во саботата вечерта поголема група нападна две лица припадници на ЛГБТ+ заедницата, а полицијата за нападот уапси 21 лице.plusinfo

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.