Хорор во Делчево: Девојче долго време силувано од нејзиниот очув

news
Advertisement

Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување истражна постапка против жител на Делчево за кого постои основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело – Обљуба со злоупотреба на положбата од член 189 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Advertisement

Осомничениот, во периодот од летото 2022 година до 30.11.2023 година, во семејниот дом во Делчево, злоупотребувајќи ја својата положба како очув, во повеќе наврати вршел обљуба и други полови дејствија врз 15-годишно девојче, искористувајќи го моментот кога мајката на девојчето не била во домот.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постои опасност од бегство, можност тој да влијае врз сведоците или да ги прикрива трагите за извршеното дело, како и да го повтори делото.

Извор. https://iportal.mk/lokalno/horor-vo-delchevo-deevojche-dolgo-vreme-siluvano-od-nejziniot-ochuv/?fbclid=IwAR2SXFgV1-HGoYKkF7DdjMaUmYuSIcxu4_5Iooao6w9pNl8zQYq1sHCJkJQ

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.