Хоџа: Бектеши ги меша работите, Крстот на Водно не е Црква

news
Advertisement

Потпретседателот на Движењето Беса, Аријанит Хоџа, му одговори на министерот за економија Крешник Бектеши во врска со изјавата за осветлувањето на Крстот на Водно. Хоџа во емисијата „Патот кон“ на ТВ-Алсат рече дека Бектеши ги меша работите и дека дебатата не е религиозна.
„Движењето БЕСА не коалицира со никого во Град Скопје, затоа е погрешно обраќањето на господинот Бектеши. Што се однесува до крстот на Водно, тој сепак ги меша работите бидејќи крстот не е црква и дебатата нема верска конотација. одговорност, Владата донесе одлука за вонредна состојба за електрична енергија, затоа можат да носат еднострани одлуки за прекини на електрична енергија“, рече Хоџа.

Advertisement

Додека Бектеши утрово изјави:
„Најмногу трошат струја се верските објекти, без разлика дали се цркви или џамии. Што се однесува до крстот во Град Скопје, тоа е привилегија на Град Скопје и пред да дадеме вакви предлози, добро е одговорноста што ја презедоа и коалицијата на мнозинството во Град Скопје, токму преку нивните советниците, да излезат со предлог да се донесат мерки во однос на заштеда на електрична енергија“.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.