Хоџа: Беса и понуди на Алијанса заедничко владеење во Тетово и коалиција за идните парламентарни избори, но тие одбија

news
Advertisement

„Иако беше апсолутен фаворит за постигнување победа во Тетово, пред почетокот на изборниот процес ДвижењетоБеса и поддаде рака на Алијансата за Албанците за опозициска соработка, нудејќи и заедничко владеење во Тетово,но и коалицирање за идните парламентарни избори како албанска опозиција. Алијансата за Албанците ова не гоприфати. Ова го кажувам за првпат јавно.“ – вели генералниот секретар на Движењето Беса Аријанит Хоџа восвојата колумна со наслов „Честитки за Тетово и порака до Алијансата за Албанците“, која ја објави весникот на албански јазик „Лајм“.

Advertisement

Хоџа пишува: „Уште во моите истапувања во текот на предизборната кампања јас спомнав дека победата во Тетовоќе биде палење на пламенот, кој ќе ја донесе политичката ротација за Албанците во Македонија.“

Посакувам овие локални избори во Тетово да им послужат за размислување на оние, кои изгубија. Сега е во нашитераце ние да ги направиме промените. Во едно нешто сме сигурни: со или без соработка никој нема да може да го
сопре воздигнувањето на Движењето Беса на заслуженото место, на местото на претставувањето на Албанците восите институции на државата.“„Позитивниот резултат им припаѓа на тетовците. Победата сегашна и идна им припаѓа на сите Албанци.“

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.