Цената на дизелот од ноќеска солидно се намалува, бензините остануваат исти

news
Advertisement

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалуваат за 2,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 08.11.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 78,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 77,50 ден/лит.

Advertisement

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 1,253 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 08.11.2023 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот
М-1 НС изнесува 43,743 ден/кг.

ИЗВОР: https://porta.mk/cenata-na-dizelot-od-nokjeska-solidno-se-namaluva-benzinite-ostanuvaat-isti/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.