Човекот кој ја искрши таблата на клубот „Цар Борис Трети“ сам се пријавил во полиција

news
Advertisement

Човекот што вчера претпладне ја искрши таблата на клубот „Цар Борис Трети” во Охрид и е познат на полицијата од самиот почеток затоа што тој сам се пријавил откако го извршил делото, дознава МКД.мк од извори од истрагата.

Advertisement

„Сторителот на делото е маж кој со земјоделска алатка а не со секира како што се пишува ја скршил таблата и веднаш потоа отишол во полициската станица во Охрид и сам се пријавил. При тоа раскажал што се случило, како се случило и зошто го направил тоа”, велат изворите на МКД.мк

Од МВР пак за сега нема никаква информација за тоа кој го сторил делото и кои биле мотивите за кршење на таблата. Портпаролот на охридската полиција, Стефан Димоски во телефонски разговор кратко ни кажа дека во текот на денот МВР ќе излезе со официјално соопштение.

На официјалната фејсбук страница на клубот вчера беше објавено дека напаѓачот со секира го нападнал новиот бугарски културен центар во Охрид.
„Вандализмот започна додека во клубот се одржуваше состанок меѓу членовите на здружението и надворешни посетители. Според очевидци, од надвор почнале да се слушаат „фашистички” врисоци, а набргу потоа следеле удари со секира во знакот на клубот. За среќа, сите присутни успеале да се спасат неповредени, а штетата е само материјална”, пишува на фејсбук страницата на клубот „Цар Борис Трети”.

Министерството за надворешни работи вчера најостро го осуди настанот и го нарече вандалски чин.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.